Ниту еден актуелен лидер во Европската унија не владее толку долго како Виктор Орбан. По повеќе од 16 години на власт, тој сега се соочува со најголемиот политички предизвик досега. Според анкетите пред парламентарните избори на 12 април, во водство е неговиот противник и поранешен соработник Петер Маѓар.
Трансформација на Унгарија
Од 2010 година, Орбан ја трансформираше Унгарија во систем кој Европскиот парламент го опишува како „хибриден режим со изборни елементи на автократија“. Тој самиот својот модел го нарекува „нелиберална демократија“, додека неговите политички сојузници го опишуваат како „национален конзервативизам“.
Орбан често влегува во конфликт со Европска унија, особено околу војната во Украина и помошта за Киев. Тој е еден од најблиските европски политички партнери на рускиот претседател Владимир Путин, што предизвикува дополнителни тензии со Брисел.
Орбан е роден во 1963 година во Секешфехервар. Политичката кариера ја започнува во доцните 1980-ти како основач на партијата Фидес. Во 1989 година, со својот говор во Будимпешта, станува симбол на младата антикомунстичка генерација.
Првпат станува премиер во 1998 година, а од 2010 година е повторно на власт.
Во изминатите години, неговата влада донесе повеќе од 40 законски измени кои ги трансформираа институциите, медиумите и изборниот систем. Критичарите тврдат дека голем дел од медиумите се под контрола на власта, додека организацијата Транспаренси Интернешнл ја рангира Унгарија меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.
Во 2015 година, Орбан ја затвори границата со Србија со ограда и воведе строги мерки против мигрантите. Неговите кампањи против невладини организации и Џорџ Сорос предизвикаа силни реакции во ЕУ.
И покрај поддршката од дел од десничарските движења во светот, Орбан се соочува со растечко незадоволство во земјата. Изборите на 12 април би можеле да бидат најголемиот тест во неговата политичка кариер