Кој е Милан Неделјковиќ, по потекло од Србија кој ќе стане нов извршен директор на BMW?

BMW објави дека Милан Неделјковиќ, роден во Србија и долгогодишен менаџер во компанијата, ќе го преземе раководењето со BMW AG во мај 2026. Тој ќе го наследи Оливер Ципсе по неговите 35 години служба

Милан Неделјковиќ ќе ја преземе функцијата претседател на Управниот одбор на BMW AG на 14 мај 2026, соопшти Надзорниот одбор на компанијата. Тој ќе го наследи Оливер Ципсе, кој повеќе од една деценија е член на Управата, а од 2019 година и нејзин претседател.

Претседателот на Надзорниот одбор, Николас Петер, нагласи дека Неделјковиќ носи јасна стратегија, силни лидерски способности и изразено претприемачко размислување. Според него, новиот шеф на BMW знае да ги инспирира луѓето, да ги обедини околу заеднички цели и да ги мотивира кон високи резултати — клучно во периодот на голема трансформација на автомобилската индустрија.

Ципсе ќе се повлече по главната годишна седница на 13 мај 2026, со што ќе заврши 35-годишната кариера во BMW. Петер истакна дека Ципсе ја водел компанијата низ глобални кризи, вклучувајќи ја и пандемија­та, и стоел зад проектот Neue Klasse, најголемиот идeн проект на BMW.

Милан Неделјковиќ, роден во Крушевац, е член на Управата од 2019 година и е задолжен за производството. Во BMW работи од 1993 година, а зад себе има богато меѓународно искуство како директор во повеќе фабрики и како раководител на корпоративниот квалитет. Неговиот нов мандат важи до 2031 година.

Претседателот на Главниот работнички совет, Мартин Кимих, додаде дека Неделјковиќ има силна доверба меѓу вработените и дека компанијата со него ќе продолжи да ја гради успешната традиција на соработка меѓу управата и работниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни