Кои земји му кажаа „да“ на Трамп?

Дел од државите ја прифатија поканата за „Одборот за мир“, други ја одбија, а повеќето сè уште не се изјасниле

Неколку држави ја прифатија поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучат кон иницијативата Одбор за мир, додека дел од европските земји одбија учество, а голем број поканети сè уште немаат донесено одлука, објави агенцијата AP.

Одборот, со кој претседава Трамп, првично бил замислен како мала група светски лидери задолжени за надзор на планот за примирје во Газа. Со текот на времето, амбициите на администрацијата биле проширени, па покани биле испратени до неколку десетици држави, со најава дека телото би можело да добие поширока улога во посредување во глобални конфликти.

Според неименувани претставници на Белата куќа, на кои се повикува AP, се очекува на иницијативата да ѝ се приклучат околу 30 земји, од приближно 50 кои добиле покана.

Досега поканата ја прифатиле Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Египет, Унгарија, Индонезија, Јордан, Казахстан, Косово, Мароко, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединети Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.

Учество, барем засега, одбиле Франција, Норвешка, Словенија и Шведска.

Меѓу државите кои добиле покана, но сè уште не донеле одлука, се Велика Британија, Камбоџа, Кина, Хрватска, Германија, Индија, Италија, извршниот орган на Европска Унија, Парагвај, Русија, Сингапур и Украина.

Иницијативата „Одбор за мир“ и натаму предизвикува поделени реакции, особено поради отсуството на јасен меѓународноправен мандат и поради можната улога на земји директно вклучени во актуелни воени конфликти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни