Кои земји се лидери: Што сакаат мажите, а што жените „под нож“

Естетската хирургија станува се популарна ширум светот. Меѓународното друштво за естетска хирургија објави попис во кој се прикажува што луѓето сакаат кога е во прашање естетската хирургија. Според извештајот изненадувачки е што од година во година се поголем е бројот на интервенции кои ги прават мажи, што до неодамна беше карактеристика за жените.

1-САД

Жителите на Соединетите американски држави во 2021 година сочинуваа 24,1% од вкупната естетска хирургија на светско ниво. Тие се на првото место кога се работи за козметичките зафати. Во оваа земја се изведени 1.992.296 естетски хируршки зафати и уште 5.355.604 нехируршки зафати.

2-БРАЗИЛ

На второто место се жителите од Јужна Америка. До сега во Бразил „под нож“ легнале 1.634.220 лица на хируршки и 1.089.420 нехируршки зафати.

3-ЈАПОНИЈА

Во Јапонија од 2020 до 2021 популарноста на пластичната хирургија драстично пораснала, па нејзините жители во 2021 година претставувале 5.7% оперирани луѓе на светско ниво. Пресметките покажале дека на хируршки зафат се одлучиле 265.733 лица додека на нехируршка метода се нафатиле 1.479.888 пациенти.

4-МЕКСИКО

Според Меѓународното друштво за естетска хирургија, во Мексико на естетски зафати доаѓаат голем број лица, но од странство. Според бројките Мексико е позиционирано на четврто место, бидејќи сочинува 4,2% од популацијата која направила естетски зафат. Во Мексико се изведени 672.683 хируршки и 597.923 нехируршки зафати.

5-ГЕРМАНИЈА

Германија во 2021 била заслужна за 3,6 отсто од сите естетски операции во светот. Во оваа земја се изведени 385.906 хируршки и 536.150 нехируршки интервенции.

6-АРГЕНТИНА

Аргентинците се послаби од Германците за дури една децимала. На 3,5 отсто од светската естетска хирургија жителите на Аргентина направиле 398.980 хируршки и 669.260 нехируршки интервенции.

7-ТУРЦИЈА

Во оваа земја, од Мексико, Колумбија и Тајланд доаѓаат пациенти исклучиво за да направат естетски зафат. Имено, во Турција се изведени 464.490 хируршки и 485.875 нехируршки интервенции, што е 3,1% од вкупниот број на изведени вакви интервенции во светот.

8-ИНДИЈА

Индија на скалата за популарни естетски зафати се најде на осмото место со 370.656 хируршки и 404.016 нехируршки зафати, односно 2,5 отсто.

9-ИТАЛИЈА

Во Италија се регистрирани 283.668 хируршки и 385.116 нехируршки операции, што е вкупно 2,2 проценти во естетската хирургија која е изведена на светско ниво во 2021 година.

10-КОЛУМБИЈА

Поради 374.076 хируршки и 181.200 нехируршки зафати, Колумбија се најде на десетото место. Во оваа земја се изведени над 550 илјади зафати, а тие сочинуваат само 1,8% од вкупниот број на естетски зафати кои се регисрирани во светот.

Кои интервенции се најпопуларни меѓу мажите?

Најпопуларната естетска операција помеѓу мажите во 2021 година била на очните капаци. Вишокот на кожа од очните капација ја отстраниле вкупно 303.932 мажи.

Гинекомастија е популарна пластична операција која го заземала второто место меѓу најпопуларните кај машката популација. Со други зборови за оваа интервенција во 2021 година се одлучил 282.997 мажи.

Липосукцијата во 2021 година ја одбрале 277.779 маж, а по неа на оваа листа најбарани естетски зафати, кога се работи за барањата на мажите, се корекциите на носот. На таква операција се одлучиле 256.406 мажи.

И ушите се на пописот на најбарани естетски операции. Преобликување, намалување па дури и прилепување блиску до главата побарале 101.382 мажи. Отопластиката исто така е една од најбараните операции помеѓу мажите.

Во 2021 година, многу мажи се решија да направат и отстранување на салото на стомакот. Во бројки тоа се 86,515 мажи кои се одлучиле за абдоминопластика.

Кои интервенции се најпопуларни меѓу жените?

Жените најмногу „под нож“ одат за да ги зголемат градите. Оваа операција по популарност е на првото место, со вкупно 1.658.673 направени интервенции од овој вид.

Втор најпопуларен зафат во светот е липосукцијата. Со оваа операција се извлекуваат масните ткива од телото со помош на исмукување. На оваа интервенција се одлучиле дури 1.625.283 жени.

Третото место меѓу жените го зазема блефаропластиакта, односно операција на очните капаци. Со оваа операција „се пегла“ кожата околу очите која попушта со текот на времето. Во 2021 година на ваков естетски зафат се одлучиле 1.142.957 жени.

Меѓу најбараните интервенции од страна на жените е и ринопластиката. Со оваа интервенција се корегираат коскена грпка и испакната коска на носот. На овој зафат се одлучиле 738.743 жени.

Кои се најпопуларните неинвазивни естетски процедури?

Најпопуларната неинвазивна естетска процедура е ботулински токсин, познат и како ботокс. Во 2021 година на светско ниво ботокс користеле 6.252.548 жени и приближно еден милион мажи.

По ботоксот, луѓето се ентузијасти и за хијалуронската киселина. Дури 4.694.030 жени и 585.315 мажи се одлучиле за овој третман во 2021 година.

Ласерското отстранување на влакна го зазеде третото место, а за него во 2021 се одлучија 1.585.732 жени и 250.379 мажи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни