Хипертензијата е состојба на висок крвен притисок, кога измерените вредности надминуваат 140 mmHg за систолен (горен) притисок или 90 mmHg за понизок (дијастолен) притисок. Пациентите најчесто им го поставуваат на кардиолозите следново прашање: „Зошто се зголемил крвниот притисок?“.
Според кардиолозите во повеќето случаи не може да се издвои само една причина, зашто тогаш ќе стане збор за примарна (есенцијална) хипертензија. Пациентот не се буди едно утро со хипертензија, туку таа се развива постепено, во текот на неколку години. Причината не е една, туку комбинација од неколку фактори на ризик кои влијаат на зголемувањето на крвниот притисок врз некои од овие фактори не можеме да влијаеме, како што е генетската предиспозиција за хипертензија. Познато е дека присуството на хипертензија кај членовите на семејството го зголемува ризикот од висок крвен притисок. Исто така, ризикот од хипертензија се зголемува со возраста.

Сепак, може да влијаат и други фактори на ризик, како што се дебелината, физичката неактивност, премногу сол во исхраната, лошите животни навики, пушењето и долготрајниот стрес.
Одредени болести, како што е бубрежното заболување, го зголемуваат ризикот од хипертензија. Во тој случај, менувањето на навиките за живот и лекувањето на постоечките болести го намалува ризикот од висок крвен притисок. Нелекуваниот крвен притисок предизвикува долгорочно оштетување на срцето, мозокот и бубрезите, а може да доведе до сериозни и опасни по живот состојби како што се срцев удар и мозочен удар.
Причина може да бидат и проблемите со хормоните
Хормоналните проблеми, како што се дисфункција на тироидната жлезда или проблеми со надбубрежните жлезди, исто така може да предизвикаат хипертензија.
Тогаш зборуваме за позната причина за висок крвен притисок, или секундарна хипертензија Тироидната жлезда со своите хормони регулира бројни функции во организмот и разни метаболички процеси, но истовремено влијае на отчукувањата на срцето и крвните садови. Кога тироидната жлезда произведува прекумерно количество на своите хормони, пациентите може да доживеат забрзан пулс со чувство на палпитации, како и покачен крвен притисок.
Задачата на докторот е да ја открие причината за прекумерното производство на тироидни хормони – дали во жлездата има јазли кои произведуваат хормони, дали има автоимуна болест каде што имунолошкиот систем ја напаѓа сопствената тироидна жлезда или можеби има воспаление на оваа жлезда.
Откако ќе се открие причината, лекарот ќе препорача терапија која го решава проблемот со тироидната жлезда. Кога нивото на тироидните хормони се нормализира, крвниот притисок обично се враќа во нормала. Дотогаш, лекарот ќе советува лекови за хипертензија по потреба.
Прекумерното количество на тироидни хормони во крвта може да доведе до висок крвен притисок.
Надбубрежната жлезда произведува хормони кои се вклучени во контролирањето на крвниот притисок.

Болестите на надбубрежните жлезди кои доведуваат до промена на количината на овие хормони може да доведат до хипертензија. И во овој случај, терапијата е насочена кон лекување на проблеми со надбубрежната жлезда, по што крвниот притисок се нормализира. Покрај проблемите со тироидната жлезда и надбубрежните жлезди, причини за секундарна хипертензија може да бидат бубрежното заболување, вродени срцеви мани, опструктивна ноќна апнеја и други.
Врската помеѓу хипертензијата и бубрежното заболување е исклучително важна
Од една страна, бубрезите се вклучени во контролирањето на крвниот притисок, додека со оштетување на бубрезите оваа контрола слабее. Од друга страна, хипертензијата ги оштетува бубрезите и ги прави помалку способни да го контролираат крвниот притисок, создавајќи маѓепсан круг каде хипертензијата и бубрежните заболувања меѓусебно се влошуваат. Постојат лекови кои истовремено го намалуваат крвниот притисок и ги штитат бубрезите, а се препорачуваат за пациенти кои ги имаат и двете овие болести истовремено.

Дијабетисот и хипертензијата одат заедно
Хипертензијата и дијабетесот се тесно поврзани и често се јавуваат истовремено кај иста личност
Главната причина е што наведените фактори на ризик за хипертензија (дебелина, физичка неактивност, неправилна исхрана, возраст и семејна склоност) се и ризик фактори за дијабетес. Второ, зголемувањето на крвниот притисок кај дијабетичарите може дополнително да придонесе за развој на компликации од дијабетес. Поединечно, и дијабетесот и хипертензијата доведуваат до оштетување на срцето, крвните садови и бубрезите. Кога ќе се појават истовремено, оштетувањето на овие органи напредува побрзо.
Што е фамилијарна хиперхолестеролемија?
Фамилијарната хиперхолестеролемија е уште една важна врска кога станува збор за кардиоваскуларни болести, иако таа не е директно поврзана со високиот крвен притисок. Хиперхолестеролемијата е наследна болест каде што има високи нивоа на холестерол во крвта, особено т.н. лош, ЛДЛ холестерол.
Откривањето на фамилијарна хиперхолестеролемија не е директно поврзано со покачен крвен притисок, иако и двете состојби го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Бидејќи често се појавуваат заедно, вообичаено е да се изврши лабораториско определување на мастите во крвта покрај мерењето на крвниот притисок како дел од проценката на ризикот за срцеви заболувања.

Проблемите со холестеролот играат важна улога во развојот на кардиоваскуларните заболувања
На пациентите им се препорачува да прифатат здрав начин на живот: правилна исхрана со помала содржина на масти, редовна физичка активност, откажување од пушење и намалување на внесот на алкохол.
И покрај тоа што го намалуваат внесот на масти во исхраната, овие пациенти често сè уште имаат покачено ниво на холестерол во крвта. Затоа се препорачуваат лекови, пред се статини, кои го намалуваат производството на холестерол во црниот дроб. Доколку нивото на холестерол не се нормализира со употреба на статини, постои современа терапија која е поефикасна кај фамилијарна хиперхолестеролемија.