Сувите смокви се храна богата со витамини и минерали и може да се консумираат во текот на целата година. Најмногу ги има за време на божиќните празници. Смоквата често се нарекува рајско овошје на Медитеранот бидејќи е едно од најздравите овошја. Со сушење не губи ниту едно од своите лековити својства. Сувите смокви содржат многу витамини кои го заштитуваат нашето здравје.
Сувите смокви се супер храна
Сувите смокви се навистина „супер храна“ бидејќи содржат огромен спектар на хранливи материи. Тие содржат протеини, јаглени хидрати, калциум, витамин К, калиумот, железо и магнезиум. Во однос на диеталните влакна, Тие исто така содржат и многу диетални влакна, дури повеќе од кое било друго овошје. Поради тоа што се богати со витамини и минерали тие човекот го штитат од многу болести, како што се кардиоваскуларните нарушувања, и проблеми со кожата.
Богатство на калциум
Сувите смокви содржат повеќе калциум од речиси секој друг вид на сушено овошје. 100 грама суви смокви содржат 16% од препорачаната дневна доза на овој минерал.
Здравствени придобивки од сувите смокви:
– Со своите антиоксидантни својства го зајакнуваат имунолошкиот систем
– Обезбедуваат стабилизирање на крвниот притисок * Го забрзуваат празнењето на цревата и го елиминираат запекот
– Го зголемуваат чувството на ситост поради високата содржина на влакна и на тој начин помагаат при слабеење
– Го поддржуваат и штитат здравјето на коските бидејќи се полни со калциум
– Корисни се и против остеопороза, која може да се забележи во поодминати години и периоди на менопауза
– Го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево кога се консумираат редовно и умерено, а благодарение на антиоксидантниот фенол помагаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања и разни видови на рак
– Влакната во смоквите го чистат дигестивниот тракт од вишокот холестерол и го носат до цревата
– Го зголемуваат расположението бидејќи содржат витамин Б6, кој е одговорен за производство на серотонин
Една шолја суви смокви обезбедува речиси четвртина од препорачаниот дневен внес на калциум за возрасни.
Од две до четири суви смокви дневно за појадок или за ужина
Се препорачува да се јадат суви смокви во одредено време од денот – за појадок или за ужина. Дневната количина на смокви, која треба да се консумира според препораките на експертите за исхрана е меѓу две и четири.
Внимание
Ако сувите смокви се консумираат премногу, тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина, а кај пациенти со дијабетес, тие може да го зголемат нивото на шеќер. Исто така со оглед на тоа што смоквите се храна која го забрзува движењето на дебелото црево, луѓето кои консумираат премногу од нив може да доживеат дигестивни проблеми како што е дијареа. Витаминот К кој се наоѓа во смоквите учествува во процесот на згрутчување на крвта, па затоа не се препорачува прекумерно внесување на луѓе кои земаат средства за разредување на крвта