Според едно неодамнешно истражување на американската компанија „J.D. Power“ ова е погрешна претпоставка. Анализираните податоци и искуството на сопствениците покажуваат дека електричните автомобили и плаг ин хибридите бараат повеќе поправки во сите категории на возила, во споредба со автомобилите со мотори со внатрешно согорување.
Според истражувањето, електричните автомобили и плаг ин хибридите мораат на сервис три пати почесто отколку автомобилите со мотори со внатрешно согорување.
„Сопствениците на најсовремените, технички најдобро опремените електрични автомобили и плаг ин хибриди се борат со проблеми кои се толку сериозни што ново возило го оставаат на сервис три пати поќесто отколку сопствениците на автомобили на бензин“ вели Френк Хенли, директор во „J.D. Power“.
Причина за тоа може да биде новата и непроверено технологија, но и сложеноста на софтверите во современите електрични автомобили.
Извор: Н1