Бројот на загинати во застрашувачкиот бран на шумски пожари што зафати неколку делови на Лос Анџелес се искачи на десет, пожарот „проголта“ околу 10.000 домови и други објекти, а бројот на евакуирани граѓани се искачи на околу 180.000. Индипендент пишува дека синоптичарите предупредија на зголемен ризик од ширење на катастрофата.
Се уште горат пет пожари
Пет пожари моментално горат во областа на Лос Анџелес. Ова е моменталниот статус на секој од нив:
Палисади
Најголемиот и првиот пожар што избувна во вторникот. Горат речиси 20.000 хектари во областа Пацифик Палисадес, уништувајќи повеќе од 5.300 објекти. Во моментов 6% е под контрола.
Итон
Итон се шири на речиси 14.000 хектари во Алтадена и Пасадена. Ова е единствениот пожар во областа кој се уште не е локализиран ниту 0%.
Кенет
Последниот од петте пожари, изгоре околу 960 хектари во окрузите Лос Анџелес и Вентура. Во моментов 35% е под контрола.
Херст
Пожарникарите на Херст постигнуваат одреден напредок, бидејќи контролираат 37% од пожарот, кој е распространет на речиси 800 хектари.
Лидија
Речиси 400 хектари се зафатени од пожарот во градот Актон. Пожарникарите успеале да локализираат 75% од пожарот, Осигурителните куќи во паника, проценките зборуваат за 10 милјарди долари штета
Пожарите во Итон и Палисадес се најразорни досега Пожарот во Палисада помеѓу Санта Моника и Малибу на западниот раб на градот и пожарот Итон на исток кај Пасадена веќе се сметаат за најразорните во историјата на Лос Анџелес, откако досега „проголтаа“ околу 13.750 хектари земја, претворајќи цели населби во пепел, пренесува Ројтерс.
Но, врз основа на катаклизмичните размери на пожарите, се очекува бројот да се зголеми.
„Изгледа дека на овие области паднала атомска бомба. Не очекувам добри вести“, рече Луна.
Тој претходно објави дека пожарот во Итон оштетил или уништил четири до пет илјади објекти, додека официјалните лица рекоа дека пожарот во Палисадес уништил уште 5.300. Во меѓувреме, издадена е наредба околу 180.000 граѓани да ги евакуираат своите домови, додека уште 200.000 се под предупредување.
„Алтадена ја нема, исчезна.
Жителите на кањонот Итон, кој беше најтешко погоден заедно со Пацифик Палисадес, ја опишаа ситуацијата таму.
„До 22 часот снема струја и полицијата возеше наоколу, предупредувајќи ги сите да се евакуираат. Утрото сè уште немавме информации, па мојот сопруг реши да вози таму и да провери дали сè уште имаме дом“, изјави Бони за Би-Би-Си тој ми испрати порака „Таа ја нема. „Алтадена ја нема.
Засега нема докази дека пожарите биле подметнати.
Шефот на пожарникарите во Калифорнија, Дејвид Акуна, рече дека истрагата само што започнала и дека „нема убедлив доказ“ дека пожарите биле намерно подметнати.
Претходно беше објавено дека маж е приведен поради сомнение дека подметнал пожар во Вудленд Хилс.