Кои се најслушани песни на Spotify?

Музичката апликација Spotify сподели листа на топ 10 најстримувани песни во својата историја.

Со текот на годините, Spotify стана платформа за милиони луѓе да ги бараат своите омилени песни, а некои од нив останаа на врвот на листата долги години.

„Blinding Lights“ на The Weeknd го зазеде првото место со убедливи со 4.640.150.204 слушања.

Оваа песна најголема популарност стекна во март 2020 година, кога служеше како саундтрак за предизвик на TikTok и од таа година ја зазеде позицијата на најдобра песна на годината. Исто така се смета за најдобра песна на сите времиња на Билборд топ-листата.

Втората позиција ја зазеде песната на Ед Ширан, „The Shape of You“, која на овој уметник му ја донесе наградата Греми за најдобра поп соло-музичка изведба.

На следната позиција е песната на Луис Капалди „Someone You Loved“, која воедно е и прв хит на неговиот прв албум.

На четвртата позиција се најде песната на Хари Стајлс „As It Was“, потоа „Starboy“ на The Weeknd, „Sunflower“ на Post Malone, „One Dance“ на Дрејк, „Sweater Weather“ на The Neighbourhood, „Stay“ од The ​​Kid LaRoy и „Believer“ од Imagine Dragons.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни