Вчера во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија беше врачена престижната државна награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година.
Оваа награда, која го оддава највисокото признание за придонес во областа на публицистиката и новинарството од национален интерес, беше доделена на:
➡ Иван Антоновски и Делвина Крлуку – за нивните извонредни достигнувања во публицистиката.
➡ Атанас Костовски и Љупчо Јолевски – за нивниот значаен придонес во областа на новинарството.
Со ова признание се слави трудот и посветеноста на луѓето кои со своето творештво и работа ја збогатуваат медиумската и публицистичката сцена на нашата земја.