За време на последните две децении, направени се големи глобални патувања со цел да се истражат петте региони каде што жителите доживуваат најдолг живот: Окинава, Јапонија; Сардинија, Италија; Никоја, Костарика; Икарија, Грција; и Лома Линда, Калифорнија.
Преку интервјуата спроведени со 293 лица на возраст од 100 или повеќе години, забележано е дека долговечноста ширум светот се должи на збир од принципи наведени како „Power 9“.
Во продолжение може да ги прочитате деветте фактори кои придонесуваат за продолжување на животениот век на овие луѓе:
1. Движете се секој ден
Најдолговечните луѓе во светот не трчаат маратони и не посетуваат фитнес центри. Наместо тоа, тие живеат во средини кои постојано ги поттикнуваат да се движат.
Тие одгледуваат свои градини и не користат помагала за работните активности во дворовите. Секое патување до работа, до куќа на пријател или во црква започнува со радосна прошетка.
2. Зацртајте цел зошто се будите наутро
Окинавците во Јапонија го нарекуваат „ikigai“, а Никојаните во Костарика го нарекуваат „plan de vida“. И двете може да се преведат како „зошто се будам наутро“.
Жителите во секој од посетените региони имаат за што да живеат освен за работата. Истражувањата дури покажуваат дека познавањето на вашето чувство за цел која ја имате може да додаде до седум години во вашиот живот.
3. Релаксирајте се
Дури и луѓето во овие регини доживуваат стрес, што може да доведе до хронично воспаление и се поврзува со секоја голема болест според возраста на човекот.
Но, најдолговечните луѓе имаат рутини кои го ослободуваат стресот: Окинавците одвојуваат неколку моменти секој ден за да се сетат на своите предци, Адвентистите се молат, Икаријците имаат попладневни ,,дремки’’, а Сардинците имаат среќен час.
4. Правилото “80%”
„Hara Hachi Bu “ – претставува конфучијанска мантра што постои повеќе од 2.500 години која Окинавците ја кажуваат пред оброците – таа ги потсетува луѓето да престанат да јадат кога стомакот им е 80% полн.
Луѓето во сите овие места го јадат својот најмал оброк во доцните попладневни часови или рано навечер, а остатокот од денот не јадат .
5. Растенијата во прв план
Гравот, вклучувајќи го и црвениот грав , боранијата, сојата и леќата, се основата на исхраната на луѓето што живеат во овие региони . Месото се консумира во просек само пет пати месечно, и тоа не повеќе од 100 грама во една порција.
6. Вино во 17 часот
Луѓето за кои се смета дека се најдолговечни, дури и некои адвентисти, пијат алкохол умерено и редовно. Умерените алкохоличари живеат подолго од оние што не пијат.
Трикот е во тоа да пиете една до две чаши дневно со пријателите или со храна. И не, не можете да не пиете цела недела и потоа да испиете 14 пијалоци во сабота.
7. Припадност кон заедници
Сите освен петмина од 263 стогодишници со кои беше направено интервју припаѓале на заедница заснована на верата. Истражувањата покажуваат дека посетувањето на богослужбите кои се засновани на верата четири пати месечно може да додаде од 4 до 14 години животен век.
8. Саканите на прво место
Старите родители и баби и дедовци на најдолговечните луѓе секогаш се наоѓаат во нивна близина или во нивните домови и живеат заедно со нив , а ова според студиите може да ги намали стапките на болести и смртност кај нивните деца.
Овие луѓе се обврзуваат на животен партнер (ова може да додаде до три години животен век), и им даваат на своите деца многу време и љубов (ова ја прави поголема веројатноста децата да бидат старатели кога ќе дојде време).
9. Создадете круг од вистинските луѓе околу вас
Најдолговечните луѓе во светот избираат (или се родени во) општествени кругови кои поддржуваат здраво однесување.
Жителите на Окинава создаваат „moai“ – групи од пет пријатели кои се обврзуваат еден на друг доживотно. Истражувањата покажуваат дека пушењето, дебелината, среќата, па дури и осаменоста се заразни. Исто така , социјалните мрежи на долговечните луѓе позитивно влијаат на нив и на нивното расположение. Се разбира, следењето на овие правила нема да гарантира дека ќе наполните 100 години, но ќе имате одлична шанса да додадете повеќе среќни години во вашиот живот
Извор: https://www.cnbc.com/2023/11/24/i-talked-to-263-of-the-worlds-oldest-living-peoplehere-are-their-non-negotiables-for-a-long-happy-life.html