Без оглед на годишното време, со правилен избор на растенија, вашиот дом може да остане зелен и полн со живот – дури и во ладните зимски денови.
Постојат заблуди дека ладните месеци се предизвик за растенијата поради сувиот воздух предизвикан од централното греење, но со правилен избор можете да го претворите вашиот дом во вистинска зелена оаза.
Растенијата кои успешно растат и зиме се следниве:
Орхидеи
Со својата зачудувачка убавина и издржливост, орхидеите се одличен додаток на секој внатрешен простор. Нивните елегантни латици доаѓаат во различни бои и успешно растат на умерени температури кои се присутни во затворените простории во текот на зимата.
„Орхидеите не се само убави, туку и изненадувачки лесни за одржување. Тие претпочитаат индиректна светлина и умерена влажност, што ги прави идеален избор за зимските месеци“, вели за Mirror експертот за цвеќиња, Алекс Бигарт.
Бромелија
Со својот смел и егзотичен изглед, бромелиите се вистински бисери за затворените градини. Овие тропски растенија ги красат лисја во силни бои и уникатни цветни класи.
„Бромелиите се фантастичен избор за зима бидејќи уживаат во топлината на затворените простории. Познати се по своите способности за прочистување на воздухот и можат да напредуваат со минимална нега, што ги прави совршени за почетници“, објаснува Алекс.
Собна роза
Не нежни и миризливи, собните рози можат да внесат романтична и шармантна атмосфера во секој дом. Иако розите обично се одгледуваат на отворено, Алекс објаснува дека постојат минијатурни сорти кои се совршени за внатрешни простори.
„Розите не се само за градини. Со правилна нега, растенијата рози можат да успеваат во домот за време на зимата“, додава тој и препорачува минијатурни видови кои лесно се прилагодуваат на затворените простори. Тие бараат многу сончева светлина, добро дренирана почва и редовно обрезување за да останат здрави и бујни.
Сансеверија (свекрвин јазик)
За оние кои бараат отпорно собно растеније, сансеверија е вистински избор. Позната по своето исправено лисје и издржлива природа, таа е совршена љубителите на растенијата.
„Сансевериите се познати по тоа што можат да успеваат во услови на слаба осветленост и толерираат нередовно наводнување. Исто така, ги подобруваат условите на воздухот со филтрирање на токсините од домаќинствата, што ги прави одличен избор за зима“, нагласува Алекс.