Кои осум земји ќе забранат физичко казнување на децата?

Активистите ја нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува „Гардијан“.


Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, објавија дека ќе забранат физичко казнување на деца под 18 години. Активистите oва го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува „Гардијан“

Владите на споменатите земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата.

Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота.

“Ова е навистина неверојатно. Заедно овие земји вклучуваат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата”, изјави експертот Бес Херберт од организацијата “Крај. Телесно казнување“ во Светската здравствена организација.

Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Обединетото Кралство, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека тоа сè уште е дозволено во Англија и Северна Ирска.

Сè поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата негативно влијае на нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија.Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни