Ако некогаш сте се запрашале зошто е тоа така, астрологијата ги има одговорите – такви се луѓето родени во овие хороскопски знаци.
Девица
Девиците се познати по својата аналитичност и практичност, па кога е љубовта во прашање, нема простор за импулсивност. Ретко паѓаат на „љубов на прв поглед“, напротив, ќе гледаат од сите агли, ќе бараат маани, ќе анализираат ситници и ќе ги оценуваат сите преку тестови кои само тие ги разбираат.
За Девицата љубовта мора да биде совршено уредена сложувалка во која секое парче има свое место. Љубовта за нив не е само хемија, туку и компатибилност, вредности и разбирање на сите можни нивоа. Така, додека една Девица се заљуби, поминало доволно време што можеби веќе сте го заборавиле почетокот на приказната.
Јарец
Јарците не играат игри, а љубовта за нив не е нешто со што лесно може да се експериментира. Како знак на сериозна перспектива на животот, Јарците внимателно избираат кому ќе ги отворат срцата. Сакаат стабилност и ако не гледаат сигурна иднина во врската, попрво би се држеле на дистанца отколку да се препуштат на емоции кои би можеле да ги повредат.
Јарецот е вистински заштитник на сопственото срце, со изградени ѕидови кои само некој исклучително вреден може да ги пробие. И додека другите може да бидат вовлечени во виорот на емоции, Јарците ќе претпочитаат да си играат на сигурно и да проверат дали личноста пред нив е навистина „онаа“ пред да се заљубат.