Според најновиот извештај на Европскиот суд на ревизори (ECA), недостигот на лекови во Европската унија достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Белгија, Шпанија и Франција се најпогодените земји, а на листата на најкритични лекови се наоѓаат и вообичаени антибиотици како амоксицилин.
Новиот извештај покажува дека „хроничниот“ недостиг на лекови во ЕУ достигнал рекордно ниво во последните две години. На листата се наоѓа и вообичаен антибиотик што се користи за лекување на многу инфекции.
Според извештајот на Европскиот суд на ревизори (ECA), во периодот од 2022 до октомври 2024 година, во Европската унија имало недостиг на 136 лекови кои се сметаат за „критични“ за здравјето на луѓето.
Овие недостатоци достигнаа рекордни бројки во 2023 и 2024 година, со 48 и 46 критични недостатоци годишно, соодветно.
Дури 21 од 27 земји-членки на ЕУ пријавиле критични недостатоци на лекови од почетокот на 2024 до крајот на октомври истата година.
Белгија, Шпанија и Франција се земјите со најмногу пријавени критични недостатоци.
Во јануари 2024, 19 земји од Европската економска област (EEA) се соочиле со недостиг на зимски антибиотици, при што 11 земји пријавиле критичен недостиг.
„Недостигот на лекови е постојан проблем низ целата ЕУ и сè уште претставува хронична главоболка за Унијата. Но, фреквенцијата и сериозноста на недостигот растат, достигнувајќи рекордни нивоа во 2023 и 2024 година“, изјави Клаус-Хајнер Ленe од Европскиот суд на ревизори на прес-конференција.
Што го предизвикува овој проблем?
Недостигот на лекови се должи на повеќе фактори, вклучувајќи: зголемена побарувачка, доцнење во , прозводството, недоволен капацитет и растечки трошоци за енергија.
„Нискиот степен на награда за отпорност во националните процедури за набавка го зголемува притисокот врз цените“, стои во извештајот.
Се проценува дека трошоците за производство во ЕУ се 20% до 40% повисоки отколку во Азија.
Поради ова, ЕУ зависи од Азија за: 70% од активните фармацевтски состојки, 79% од прекурсорите за лекови (биохемиски супстанции од кои се создаваат лековите), според аналитичката компанија IQVIA.
Оваа ситуација има директен ефект врз пациентите и претставува значителен економски трошок за националните здравствени системи.
Како земјите од ЕУ го пријавуваат недостигот на лекови?
Сепак, споредбата помеѓу земјите од ЕУ е предизвик, бидејќи постојат големи разлики во начинот на кој се пријавува недостигот на лекови.
На пример, Во Италија, производителите мора да ги известат властите четири месеци пред прекин на испораката. Во Австрија, производителите се должни веднаш да пријават недостиг само за лекови на рецепт, и тоа ако трае повеќе од две недели.
Исто така, мерките за складирање на лекови се разликуваат. Во Данска, постои национално барање за задолжителна резерва за 6 недели продажба. Во Германија, се бара шестмесечна залиха на критични лекови.
На крајот на 2024 година, амоксицилин (чест антибиотик што се користи за лекување на разни инфекции) и вертепорфин (лек за широк спектар очни болести), беа на листата на критични недостатоци.