Кои европски земји градат сопствена „суверена“ вештачка интелигенција за да се натпреваруваат во технолошката трка?

Европа инвестира во суверен вештачки интелект за да ја намали зависноста од американски Big Tech компании. Германија, Швајцарија, Полска, Шпанија, Холандија и Португалија развиваат сопствени национални ИИ-модели и инфраструктура

Европа гради домашни системи за вештачка интелигенција за да ја намали зависноста од американските технолошки гиганти.
Три години по појавата на ChatGPT, повеќе европски земји развиваат сопствени суверени модели на ИИ.

„Суверен ИИ“ се однесува на способноста една држава самостојно да развива, хостира, применува и регулира системи за вештачка интелигенција создадени на нејзина територија за нејзините граѓани, без зависност од странски компании или облачни сервиси.

Европскиот парламент во извештај од јуни призна дека ЕУ „моментално е силно зависна од странски технологии“, особено американски, што ја спречува Унијата да развива свои технолошки лидери. Зависноста, стои во извештајот, ќе продолжи и понатаму поради американските инвестиции од 500 милијарди долари во домашен ИИ.

ЕУ истакнува дека за да ја врати својата конкурентност мора да вложува во истражување и развој на нови системи — процес во кој националните влади играат клучна улога.

Низ Европа веќе се гради нова генерација на суверени ИИ-модели. Во продолжение — што е направено досега.

Германија

Германија го претстави проектот SOOFI (Sovereign Open Source Foundation Models) — напреден отворен модел што ќе може да се користи и прилагодува од европски компании.

Тој ќе се користи за комплексни задачи, вклучително и ИИ-контролирани роботи.
Според германската влада, цел е создавање силни европски модели во целост засновани врз европски вредности.

Телекомуникациските компании Deutsche Telekom и T-Systems наведуваат дека SOOFI ќе има 100 милијарди параметри, а моделот ќе се тренира со 130 NVIDIA чипови и повеќе од 1.000 GPU единици до март.

Проектот ќе гради експертиза за сите фази на развој на големи ИИ модели: собирање податоци, подготовка, тренирање и софтверска архитектура.

Швајцарија

Во септември Швајцарија го објави Apertus, својот прв повеќејазичен модел.

Apertus е целосно отворен — достапни се архитектурата, податоците, изворниот код и тежините.
Трениран е на 15 трилиони токени и над 1.000 јазици, вклучувајќи швајцарски германски и романш.

Објавен е на платформата Public AI и ќе служи како основа за модели специјализирани за право, клима, здравство и образование.

Полска

Полска во февруари го претстави својот голем јазичен модел PLLuM, специјализиран за полскиот јазик, сложената морфологија и синтакса.

Моделот ќе се интегрира во системот Hive AI, кој треба да ја модернизира јавната администрација — виртуелен асистент за услуги, автоматско процесирање документи и ИИ-поддршка за наставниците во училиштата.

Владата го опишува како „инвестиција во дигиталната држава“.


🇪🇸 Шпанија

Во јануари, Barcelona Supercomputing Centre го претстави Alia, првата европска отворена мултијазична инфраструктура за „одговорна ИИ“.

Alia користи суперкомпјутер способен за 314 квадрилиони операции во секунда и нуди отворени податоци, модели и алатки за стартапи на шпански, баскиски, каталонски и галициски.

Ќе се користи за чатбот за даночната управа и медицинска апликација за рано откривање срцева слабост

Проектот се надоврзува на Ilena и Aina — иницијативи кои создадоа стотици ИИ ресурси за шпанските јазици.

Холандија

Конзорциум од три организации во 2023 почна да развива GPT-NL, отворен модел на холандски јазик.

Моделот ќе биде: транспарентен и суверен, трениран со комбинација на лиценцирани, јавни и синтетички податоци и достапен за академија, здравство, образование и јавни услуги

Холандските медиуми потпишаа договор со конзорциумот за користење на нивните текстови во замена за дел од идната заработка.

Првата верзија се очекува до крајот на 2025 година.

Португалија

Од 2024, Португалија го развива LLM-моделот Amalia, способен да генерира код, одговара на прашања, сумира информации и работи со локален контекст.

Првата бета верзија беше тестирана во септември, а јавната верзија се очекува во средина на 2026.

Иако Amalia нема да биде достапна како јавен чатбот, нејзиниот код ќе биде отворен, за да можат португалските компании да градат сопствени модели врз неа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни