Според анализата на глобалната компанија за складирање багаж Radical Storage, Будимпешта е прогласена за највалкан град во светот. Дури 37,9% од туристичките рецензии во делот за чистота ја споменуваат валканоста, лошото одржување или преголемото количество отпад.
Стручњаците предупредуваат дека градот е под силен притисок поради растечкиот број туристи – само во септември регистриран е пораст од 12% во споредба со лани, што ги надминува капацитетите на градските служби.
Италија и САД доминираат меѓу „највалканите“
Италија има дури четири градови во топ 10 – Рим, Фиренца, Милано и Верона.
Рим е втор на листата, со хронични проблеми со отпад, а туристите често се жалат дека улиците ги преземаат диви свињи.
Веднаш зад Рим е Лас Вегас, кој со своите милиони туристи и постојан ноќен живот тешко се справува со чистотата.
Неочекувано, Њујорк — често споменуван по голем број глодари — се наоѓа дури на 12. место.
Како е правена анализата?
Истражувачите ги анализирале 100 градови од Euromonitor индексот за топ дестинации и прегледале 70.000 Google рецензии на англиски јазик за 10-те најпосетувани атракции во секој град.
Фокусот бил на зборовите „clean“ и „dirty“.
Топ 10 највалкани градови според Radical Storage:
- Будимпешта, Унгарија (37,9%)
- Рим, Италија (35,7%)
- Лас Вегас, САД (35,6%)
- Фиренца, Италија (29,6%)
- Париз, Франција (28,2%)
- Милано, Италија (26,8%)
- Верона, Италија (26,2%)
- Франкфурт, Германија (24,6%)
- Брисел, Белгија (24,4%)
- Каиро, Египет (23,6%)
Најчистите градови во светот:
- Краков, Полска (98,5%)
- Шарџа, ОАЕ (98%)
- Сингапур (97,9%)
- Варшава, Полска (97,8%)
- Дoha, Катар (97,4%)
- Ријад, Саудиска Арабија (96,9%)
- Прага, Чешка (96,4%)
- Мускат, Оман (96,4%)
- Дубаи, ОАЕ (96,3%)
- Фукуока, Јапонија (96,3%)
