Кои досиеја за убиството на Кенеди се сѐ уште тајни? Откриени се нови шокантни детали!

Милиони документи поврзани со убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во Далас во 1963 година веќе се објавени, но претседателот Доналд Трамп на крајот на минатата недела нареди објавување на нови, доверливи досиеја.
Photo prise le 22 novembre 1963, du convoi du Président J. F. Kennedy juste avant son assassinat à Dallas. photo dated 22 November 1963 of US President John F. Kennedy's motorcade shortly before his assassination in Dallas. (Photo by AFP)

Многу експерти кои ги проучувале веќе објавените информации велат дека јавноста не треба да очекува шокантни откритија, но сеуште постои голем интерес за деталите околу атентатот и настаните кои го следат. Новите информации би можеле да откријат значајни детали.

Трамп нареди Националната разузнавачка служба и државниот обвинител да подготват план за објавување на документите поврзани со убиството на Кенеди во рок од 15 дена, но сѐ уште не е јасно кога тие документи ќе бидат достапни.

Во меѓувреме, има нови откритија, како што се снимки од парадата по убиството на Кенеди, кои ќе бидат понудени на аукција. За оваа и слични вестите кои излегуваат, секако постои голем интерес за новиот објавен пакет документи.

Документите кои сѐ уште не се објавени вклучуваат важни детали од разузнавачките служби во тоа време, како и меморандуми од ЦИА за посета на Освалд на советската и кубанската амбасада. Овие документи откриваат како се работело во времето на Студената војна и го осветлуваат периодот кој го следел овој историски настан.

Сѐ уште се на чекање околу 3.000 документи кои делумно или целосно се скриени. Овие досиеја ги чека јавноста, но дали ќе бидат објавени, ќе зависат од одлуката на актуелниот претседател.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни