Кои додатоци во исхраната треба да се избегнуваат по 60-та година?

Додатоците во исхраната можат да бидат корисни, но по шеесеттата година неопходно е внимателно да се пристапи кон нивната употреба. Лекарите препорачуваат задолжителна консултација со матичен лекар или фармацевт – особено ако сте на редовна терапија.

Како што старееме, грижата за здравјето станува сè поважна, па многумина се свртуваат кон додатоци во исхраната за да ги надоместат нутритивните недостатоци или да ги ублажат хроничните тегоби.

Сепак, најновите истражувања предупредуваат дека некои суплементи може да бидат повеќе штетни отколку корисни, особено за лица постари од 60 години.

– Во некои случаи суплементите може да влезат во интеракција со лековите, а во други случаи доаѓа до прекумерно внесување на одредени нутриенти – објаснува д-р Лиен Постон, советничка во компанијата Invigor Medical.

Во продолжение следуваат суплементи кои постарите лица треба да ги користат со особено внимание – или целосно да ги избегнуваат:

Кантарион
Природен лек кој се користи при благи форми на депресија, но може да предизвика сериозни интеракции со лекови како што се статини, антидепресиви, лекови за мигрена, варфарин и дигоксин. Активната супстанца хиперфорин може да влијае врз ефикасноста на терапиите за хронични болести.

Витамин Е
Познат по антиоксидативните својства, но може да го зголеми ризикот од внатрешно крварење, особено кај лица што користат аспирин, кумадин или други лекови за разредување на крвта.

Женшен
Често се користи за подобрување на меморијата и имунитетот, но може да го намали нивото на шеќер во крвта и да го наруши дејството на лековите за дијабетес, зголемувајќи го ризикот од хипогликемија.

Магнезиум
Станува сè популарен поради влијанието врз сонот, крвниот притисок и расположението. Но, прекумерното внесување кај лица со нарушена бубрежна функција може да предизвика нарушувања на електролитите и срцевиот ритам. Исто така, може да влијае врз ефективноста на антибиотиците и диуретиците.

Гинко билоба
Суплемент кој често се користи за подобрување на паметењето, но може да го зголеми ризикот од крварење, особено кај лица што земаат антикоагуланси. Може негативно да влијае и во комбинација со антидепресиви и лекови за дијабетес.

Куркума
Поради противвоспалителното дејство често се користи како додаток во исхраната, но може да ја намали апсорпцијата на железото и, поради својствата за разредување на крвта, да предизвика крварење или модринки ако се користи заедно со слични лекови.

Витамин А
Неопходен за видот и клеточната функција, но во високи дози може да предизвика токсичност, оштетување на црниот дроб и зголемен ризик од остеопороза. Особено е ризичен ретинолот – облик на витамин А што често се наоѓа во мултивитамини.

Витамин D
Иако се препорачува за јакнење на коските и мускулите, најновите истражувања покажуваат дека не спречува паѓања ниту фрактури. Прекумерното внесување може да го зголеми нивото на калциум во крвта, што го зголемува ризикот од бубрежни камења и оштетување на бубрезите.

Додатоците во исхраната можат да бидат корисни, но по шеесеттата година неопходно е внимателно да се пристапи кон нивната употреба. Лекарите препорачуваат задолжителна консултација со матичен лекар или фармацевт – особено ако сте на редовна терапија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни