Кои авиокомпании најчесто го губат багажот?

Стравот од губење на багажот е нешто од што се плашат сите патници бидејќи тоа е проблем што може да го уништи патувањето уште пред да започне.
Фото: Kenneth Lu/Flickr

Изгубениот багаж може да ги остави патниците да се чувствуваат лошо додека бараат решение. И додека некои авиокомпании се чини дека поефикасно управуваат со багажот, други постојано се во центарот на поплаките.

Една нова студија, спроведена од OddsMonkey, навлегла подлабоко во ова прашање за да открие кои авиокомпании најчесто ги губат куферите при патувањето.

Со анализа на над 700.000 прегледи на Tripadvisor и проучување на проценките од базата на податоци „Luggage Losers“, која следи извори во живо од преку 18.000 аеродроми и авиокомпании, истражувањето дава сеопфатна слика за неправилно ракување со багажот во 25 различни авиокомпании.

И покрај напредокот во технологијата и процедурите на авиокомпаниите, лошото ракување со багажот останува фрустрирачка реалност за многу патници.

Наодите нагласуваат значителни варијации во перформансите, при што некои авиокомпании забележале огромен број поплаки, додека други се чини дека ги усовршиле своите системи за ракување со багажот.

Aer Lingus е на врвот на листата, со 3,14 проценти од 14.003 прегледи кои споменуваат изгубен багаж. Тоа значи дека на секои 100 чекирани багажи, повеќе од тројца патници пријавиле проблеми со торбите кои не стигнале до нивната дестинација.

Слабо помина и Kenya Airways, со 3,03 проценти од прегледите кои наведуваат изгубен багаж, а по неа е Air Canada, чии 31.620 пријави покажале дека 2,58 проценти споменуваат проблеми со багажот.

Royal Air Maroc и Ethiopian Airlines, исто така, се најдоа на првите пет за неправилно ракување со багаж, со 2,31 отсто и 2,21 отсто.

Сепак, студијата не се фокусираше само на оние со најлоши резултати. На другиот крај од спектарот, нискобуџетните авиокомпании како Jet2, Ryanair и Wizz Air се покажаа исклучително добро, со 0,28 отсто, 0,32 отсто и 0,50 отсто од нивните рецензии кои споменуваат изгубен багаж.

Jet2 дури ја презеде титулата авиокомпанија со најмал процент на поплаки за багаж, што е импресивен подвиг за буџетска авиокомпанија.

Интересно е што Бритиш Ервејс, и покрај статусот на еден од најголемите светски авиопревозници, сепак забележал 1,21 отсто споменувања на изгубен багаж од 61.227 рецензии.

Иако оваа бројка е релативно ниска во споредба со некои од другите авиокомпании на списокот, таа сепак укажува на проблем што авиокомпанијата и нејзините клиенти треба да го решат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни