Новата студија на OurPBC откри кои популарни апликации најмногу ги оптоваруваат батериите на нашите мобилни телефони до тој степен што би можеле да го скратат нивниот животен век.
Студијата се заснова на претпоставката дека корисникот на iPhone или Android и дал пристап на апликацијата до сите можни дозволи кои биле побарани при првичната инсталација. Тоа вклучува статус на телефонот, Wi-Fi конекција, складирање, камера, микрофон, локација, идентитет, контакти, СМС, информации за повици, календар и пристап до вашите фотографии, медија и датотеки.
Најголемите апликации „жедни“ за енергија се Fitbit и Instagram.
„Нашето истражување открива дека популарните апликации како Fitbit и Instagram потенцијално можат да трошат до 85 проценти од вашата батерија, дури и кога тие не се активно користени“
„Социјалните медиуми, фитнес-тракерите и апликациите за запознавање се меѓу апликациите кои најмногу ги трошат батериите на паметните телефони“, рече Хомер Жао, директор за продажба и маркетинг во OurPCB.
Другите најголеми трошачи на батерија беа апликациите за автоматизација на задачи Tasker, LinkedIn, WhatsApp и Facebook. Седум од дваесетте најпопуларни апликации се популарни апликации за социјални медиуми кои ги користат милиони секој ден: Instagram, LinkedIn, WhatsApp, Facebook, X (порано Twitter), Telegram и Facebook Messenger, пренесува Express.
Апликациите за запознавање: Tinder, Hinge и Grindr исто така беа во првите 20 и се вели дека трошат приближно повеќе од 70 проценти од траењето на батеријата. „Поефективно управување со дозволите за апликации може да го забави празнењето на батеријата“, советува Жао.