По денешниот погреб на папата Франциск во базиликата Света Марија Маџоре, на приватна церемонија која траела околу половина час, се поставува сè погласно прашањето кога ќе започне конклавата на која ќе биде избран неговиот наследник.
Според традицијата, изборот на новиот поглавар на Католичката црква започнува меѓу 15 и 20 дена по смртта на понтифот, односно по девет дена жалост по погребот. Имајќи предвид дека папата Франциск почина во понеделник, на 21 април, конклавата на која ќе се избере неговиот наследник нема да започне пред 6 мај.
Најдолгата конклава во историјата траела речиси три години (34 месеци), кога во 1271 година бил избран папата Григориј Десетти.
Починатиот папа Франциск беше избран во 2013 година на конклава која траеше само еден ден.