Кога ќе ве нападне куче, може да ве спаси само eден збор

Ризикот да се сретнете со кучиња скитници на скопските улици и не е така мал. Некои од нив ќе ве одминат, но други пак, може да се однесуваат непријателски, да ве нападнат или дури да ве искасаат.

Еекспертите и тренерите на кучиња имаат препораки за тоа како да се заштитите од каснување на кучиња..

Обидете се да останете смирени

Кучињата, но и некои други животни, го чувствуваат стравот кај човекот. Се разбира, доста е тешко да се смирите ако се соочите со агресивно куче. За почеток, треба да престанете да викате, да мавтате со рацете и да се обидувате да избегате. Ваквите активности ќе го издадат вашиот страв и нервоза, а кучето ќе добие директен сигнал за напад.

Забавете

Ако ви се најде куче на патот додека трчате, веднаш намалете ја брзината. Полека свртете се на другата страна и продолжете полека да се движите, следејќи го кучето со вашиот периферен вид. Исто така, би можеле и да застанете, да останете мирни и да ги опуштите рацете покрај телото. На овој начин ќе го избегнете вниманието на животното.

Не гледајте го животното во очи

Директниот контакт со очите на  кучето може да ја зголеми неговата агресивност. Животното го доживува таквиот изглед како закана и затоа прво ќе нападне. Кучето треба да биде во вашето видно поле, гледајќи го од страна. Тогаш ќе сфатат дека не сте закана и најверојатно само ќе помине покрај вас.

Одвлечете го вниманието на кучето

Во таква ситуација, се што ќе ви дојде при рака ќе помогне. Дајте му го на кучето вашиот чевел, шише или ранец – сè што може да касне. Додека животното е зафатено, можете полека да се оддалечите, избегнувајќи ги последиците.

Дајте му команда на животното

Ако кучето продолжи да покажува агресија, свртете се кон него, додека продолжите да гледате благо на страна и заповедајте му да си оди. Важно е вашиот глас, во тој момент, да биде самоуверен и авторитативен, но во никој случај не  зада биде зканувачки или пискав.

Ефективни команди се: “Не!” Штом кучето ќе ги слушне, ќе ја почувствува вашата сила, ќе се исплаши и ќе се тргне на страна

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни