Истражувачите од Калифорнија открија дека екстрактот од печурка може да ја забави прогресијата на ракот на простата, па дури и да го продолжи животот на пациентите третирани со имунотерапија и соединение од оваа печурка.
Истражувачите откриле намалување на количината на специфични типови на имуно-супресивни клетки кај туморите по третман со екстракт од печурки кај глувци и пациенти со рак на простата. Тие, исто така, забележале зголемување на одредени типови на имунолошки клетки за кои е познато дека играат улога во уништувањето на клетките на ракот.
Во трудот објавен во Clinical and Translational Medicine, истражувачите предложија дека присуството на полисахариди во печурките може да објасни зошто третманот со нивниот екстракт може да го забави растот на туморите на рак на простата. Тие сугерираа дека овој механизам може да ја надополни улогата на инхибиторите на имунолошкиот контролен пункт што се користат за лекување на ракот.