Експлицитната сцена на сексуален однос помеѓу Џена Ортага (21) и Мартин Фримен (52) во филмот “Miller’s Girl” предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради 30-годишната разлика помеѓу актерите.
Откако филмот беше објавен минатата година, фановите го прогласија за „најлошиот филм на годината”, и тоа поради експлицитната сцена на односите меѓу актерите.
Џена Ортага, најпозната по серијата “Wednesday” и ѕвезда на “The Lord of the Rings”, “Sherlock” и “Black Panther”, во црно-комедијата “Miller’s Girl” развива сложен однос, пред сè затоа што тој е нејзин професор, а таа е студентка. Џена, која има 21 година, во филмот го игра ликот на осумнаесетгодишната студентка Каиро, а Мартин, кој има 52 години, ја игра улогата на нејзиниот професор Џонатан Милер.
Филмот ја следи приказната за пар кој започнува комплицирана и неподобна врска, а во една сцена Каиро пишува експлицитна приказна во која главни ликови се таа и нејзиниот професор. Сцената, на разочарување на гледачите, “оживува” на големото платно, а незадоволството поради “скандалозната сцена” и “филмската приказна за разликата во годините” повторно се врати на социјалните мрежи, во време кога се дискутираат Оскар номинациите и “заслужени и незаслужени номинации”.
„Ќе кажам само дека кога Мартин имал 40 години, Џена тогаш имала 10″, “Дедо скокнал на дете”, се некои од коментарите… на кои Мартин неодамна одговори во интервју за The Times.
Рекол дека не се согласува со коментарите и посочил дека се работи за филм “кој е зрел и исполнет со суптилни детали и нијанси”.