Кога стрипот ќе го заигра Русалиското оро

Во свет каде што традицијата често се заклучува во витрини, а стрипот се перцепира како нешто „лесно“, млад уметник успеа да направи нешто што ретко кој се осмелува – да ги спои двете.

Синоќа, во фоајето на НУ Центар за култура – Битола, беше претставен проектот „Русалии – Танц и Традиција“ – стрип издание со авторски илустрации на Димитри Балојани, создадено специјално за 55. Илинденски денови.

Во свет каде што традицијата често се заклучува во витрини, а стрипот се перцепира како нешто „лесно“, млад уметник успеа да направи нешто што ретко кој се осмелува – да ги спои двете.

Преку динамичен цртачки јазик, внимателна драматургија и стрип-панели полни со движење, проектот успеа да ја раскаже приказната за русалиската традиција – онаа прастара обредна пракса што денес ја препознаваме во сценските интерпретации, но ретко кога ја разбираме како мит, симбол и културен код.

Балојани, млад илустратор од новата генерација, се впушти во ризичен подвиг:да ја претстави обредната моќ на Русалиите со медиум кој најмногу го читаат младите луѓе.И токму затоа проектот успева – затоа што ја менува формата, но не ја губи суштината.

Панелите се поставени како фрагменти од раскажување – дедо што им објаснува на внуците што се Русалии, кој бил првиот сабјар, и како се собрала дружината.

Во нив – го препознаваме старото, но и го гледаме новото.Нешто што може да го прочита и етнокореолог и 12-годишен љубител на стрипови.

Проектот е и дел од повикот за нови уметности што го носи слоганот на овогодинешното издание: „ДЕНЕС за УТРЕ“.

Уметноста не мора секогаш да доаѓа на платно или сцена. Понекогаш доаѓа на табла, со стрип уметност. Со меч, со мит, со оро.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни