Сер Елтон Џон откри дека „со поранешните партнери се однесувал како заложници“, дека се однесувал „како кретен“ кон нив и дека секогаш му била потребна помош со апаратите за домаќинство, сето тоа поради неговата зависност од нелегални супстанци.
Легендарниот пејач и текстописец, кој неодамна потврди дека го губи видот, за време на интервјуто за магазинот „Тајм“ даде бројни запрепастувачки признанија за приватниот живот.
Тој зборуваше за својата зависност од алкохол и опијати на врвот на својата слава во текот на седумдесеттите и осумдесеттите. Покрај тоа, тој призна дека многу луѓе страдале поради неговото однесување – се додека не одлучил да побара помош и да започне со рехабилитација во текот на деведесеттите години на минатиот век.
„Додека сте на опијати, носите ужасни одлуки. Толку многу сакав љубов што буквално некого би земал како заложник. Ќе се видам со некој што ми се допаѓа, ќе поминеме три или четири месеци заедно, а потоа ќе ми замеруваат затоа што немале ништо освен мене живот. Ужасно ме вознемирува кога размислувам колку луѓе веројатно повредив“, искрено призна музичарот.
Во 1990 година, Елтон Џон отишол во болница во Чикаго на рехабилитација, каде што бил лекуван шест недели поради зависност од опијати, алкохол и прејадување. Тоа искуство беше отрезнувачки за него на многу нивоа.
„За мене беше шокантно да видам колку ниско паднав на скалата на човештвото. Најсрамното нешто во мојот живот беше тоа што, кога почнав да се лекувам, не знаев ни како да ја вклучам машината за перење. Имав 43 години, а не знаев како да ја користам машината за перење, тоа најдобро покажува колку бев бескорисен“ рече Елтон Џон.
„Тешко е да му кажеш некому дека е кретен, но уште потешко е да слушнете дека тоа си ти. На крајот решив да признаам дека се однесував ако кретен“, признал музичарот кој е трезен веќе 34 години. Тој, исто така, рече дека верува дека во текот на целиот негов живот му помагала „виша сила“.
„Не верувам премногу во библискот Бог, но имам вера. Верувам дека некоја повисока сила ме чуваше во текот на мојот живот, ме извлече од пеколот на опијати, депресија, осаменост и ме доведе до трезен човек, таа сила беше тука цело време, но едноставно не ја признавав“, рече пејачот.
„За жал, го изгубив видот на десното око уште во јули, бидејќи имав инфекција додека бев на југот на Франција и не гледам добро веќе четири месеци“, признава пејачот, а потоа додаде: „И моето лево око не е во најдобра состојба, но има надеж и охрабрување дека се ќе биде во ред. Ние сме фокусирани на тоа во моментов“.
Тој откри и дека тој и неговиот сопруг одат во Лос Анџелес на медицински прегледи на секои шест месеци и дека „нивното здравје никогаш не било подобро“.
„Секако дека не е лесно кога ќе ти се случи вакво нешто. Не гледам, не читам, не гледам ништо“, додаде тој и рече дека процесот на заздравување оди бавно, но верува дека тој на крајот целосно ќе закрепне.