Кога празното место на масата е премногу гласно за празниците

Затоа најубавите празнични подароци се оние што овозможуваат токму тоа: блискоста да стигне таму каде што е најпотребна, а срцето да се чувствува малку пополно и потопло.

Ни недостасува гласот што би сакале да го чуеме и погледот што вели: „Јас сум тука“. Но, дистанцата не мора да биде пречка!

Постојат денови во годината што целосно нè забавуваат. Деновите кога мирисот што нè враќа во детството се шири од кујната, кога ситните светла се рефлектираат на прозорците, а тишината во куќата станува помека од снегулките надвор. Ова се моментите кога спонтано се сеќаваме како беше да се собереме околу масата, како звучеше смеата што нè стопли и колку прегратката значеше да нè задржи само малку подолго, и доволно за да знаеме дека сме дома. И токму тогаш, во тие тивки денови полни со радост и спомени, се чувствуваме најсилно кога некој недостасува.
Кога празничната маса има празно место. Кога знаеме дека нашите најблиски се далеку, во друг град, друга земја, друга временска зона, и би дале сè за само еден нивен чекор во ходник. Тогаш празниците добиваат таа посебна тежина: топла, но малку досадна.

Ни недостига гласот што би сакале да го чуеме и погледот што вели: „Јас сум тука“. Но, далечината не мора да биде пречка!

Можеби не секогаш можеме да ги премостиме километрите, но можеме да го премостиме чувството на осаменост. Понекогаш е доволно лице што го сакаме да се појави на екранот, да чуеме смеа што нè разбира или фотографија од нечиј секојдневен момент да пристигне за дел од секундата, и сè веднаш станува полесно! Како да сме поблиску отколку што мислиме.

Затоа најубавите празнични подароци се оние што овозможуваат токму тоа: блискоста да стигне таму каде што е најпотребна, а срцето да се чувствува малку пополно и потопло.

Нека најубавиот подарок овој декември биде она што сите најмногу го посакуваме – ПРИСУСТВО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни