Кога и како бил направен првиот сендвич?

Сендвичите не придружуваат во текот на животот, ги јадеме во разни прилики. Колку сендвичи јадевме на училиште за време на одмор или на училишни излети? Практични се затоа што можеме секаде да ги носиме со нас, а нивната сестраност е она што особено не воодушевува. Колку видови леб и пецива можеме да користиме и различни филови – месо, сирење, зеленчук, вегански…

Богата и вкусна историја

Историјата на сендвичите е долга како месото и лебот, кои честопати се јаделе заедно поради практичност. Но, оваа вкусна закуска која сите ја сакаат го добила своето име дури во 18 век кога Џон Монтагу, четвртиот гроф од Сендвич (мал град во Кент) сакал да јаде месо меѓу две кришки леб, најчесто додека извршувал службени обврски.

Неговите современици забележале колку грофот од Сендвич ужива во овој вкусен оброк и трендот набрзо се проширил низ Лондон. Наскоро сендвичот стана тренд низ цела Европа, а потоа и низ целиот свет. Интересно, повеќето од светските јазици го имаат усвоено англискиот збор „сендвич“. Но, има исклучоци, па Полјаците на пример си имаат свој збор, па сендвичот им е канапка. Исто така, некои нордиски земји, покрај зборот „сендвич“, користат и свој. Швеѓаните сакаат да јадат smörgås, а Финците тоа е kerrosvoileipä. Италијанците кои имаат tramezzine (но овој збор се однесува на специјални триаголни сендвичи) се исто така тврдоглави. Украинците и Русите јадат – бутерброд.

Иако најчесто ги јадеме некаде надвор од домот, во природата, поради практичноста, постојат вековни гастрономски традиции во кои сендвичот е една од главните ѕвезди. Така, на пример, англискиот чај во пет е незамислив без минијатурни сендвичи со краставици.

Кој е најскапиот, а кој најголемиот сендвич на светот?

Најскапиот сендвич на светот, кој го има во секојдневна угостителска понуда, е сендвичот Quintessential Grilled Cheese, кој се продава во Њујорк за 214 долари. Неговите состојки се леб направен со шампањ Dom Perignon и златни листови, путер од тартуфи и многу реткото сирење Caciocavallo Podolico. За дополнителен луксуз, овој сендвич се служи со бисквит од јастог.

Според Гинисовата книга на рекорди, најголемиот сендвич во светот тежел 2467,5 килограми и е направен во Мичиген во 2005 година. Бил дебел 44 цм, долг 3,6 м и широк 3,6 м. Содржел 68 кг сенф, 468 кг говедско месо, 117 кг сирење, 240 кг зелена салата и 1618 кг леб.

Извор: Гастро

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни