Кога годината не е доволна: Како климатските промени ги менуваат вината што ги пиеме

Во еден жежок августовски ден во Калифорнија, Крис Хауел стои меѓу редовите лозја, со поглед вперен во хоризонтот каде што некогаш се издигаше димот од пожарите во 2017 година.

 За него, ова лозје не е само место на работа – тоа е жив организам, чувствителен на секој степен повеќе, секој дожд помалку, секој неочекуван удар од природата.

„Имаше време кога можевме да се потпреме на една берба. Сега… тоа е коцкање,“ вели тој додека ни покажува грозд што едвај издржал последниот топлотен бран.

Традицијата во винарството налага секоја шише да носи своја приказна, своја година. Годината кога грозјето зрело, кога дождот бил благ или кога сонцето го изгорело секој лист. Но како што времето станува сè понепредвидливо, сè повеќе винари ги менуваат правилата на игра.

Во последните неколку години, сè повеќе се појавуваат т.н. невинтиџ вина – мешавини од вина од различни берби. Иако долго се сметани за „поевтини“ и „понеквалитетни“, овие вина сега стануваат избор на врвни винари кои се борат со ефектите од климатските промени.

Крис Хауел е еден од нив. Неговото вино Cain Cuvée, на пример, е мешавина од две последователни години. Тоа му овозможи да ги користи само грозјата собрани пред пожарите во 2017 година, а остатокот да го зачува за идната берба.

„Повеќе не можеме да гарантираме дека секоја година ќе ни даде одлично грозје. Но ако имаме две години, можеме да создадеме конзистентност,“ објаснува Хауел.

Слична идеја се раѓа и далеку на север од Верона, во Италија. Рикардо Пасква, сопственик на винаријата Pasqua Vigneti e Cantine, решава да создаде нешто што досега било речиси табу – бело италијанско вино направено од мешавина на пет различни години.

„Ми рекоа дека сум луд,“ се смее тој. „Но го направивме – и го нарековме Hey French, You Could Have Made This But You Didn’t.

Скандалозно име? Да. Но зад него се крие визија: да се создаде најдобриот можен израз на лозјето, независно од каприците на времето.

Експертите велат дека пазарот се менува. Потрошувачите кои купуваат вино до 15 евра обично не обрнуваат внимание на годината. Вистинските вино-љубители, пак, знаат дека климатските промени го менуваат квалитетот од берба до берба – и сè повеќе ја прифаќаат флексибилноста на невинтиџ вината.

„Зошто сме толку фиксирани за годината?“ прашува Хауел.
„На крајот, целта е вкусот, доживувањето. Ако тоа можеме да го добиеме со мешање – тогаш зошто да не?“

Во ера на пожари, суши и градови среде мај, виното мора да преживее. Но можеби, во тоа прилагодување, се крие и шанса – за нови вкусови, нови приказни, и вина што не припаѓаат на една година, туку на цела епоха на промени.

Понекогаш, најдобрата берба – не е само една.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни