„Кога го зедов се уште беше топол“ – девојче пронашло метеорит во Јужна Африка

Јужноафриканските научници во средата покажаа делови од метеоритот кој минатиот месец беше откриен во гратче во источната провинција Истерн Кејп.

Жителите на три провинции, Истерн Кејп, Вестерн Кејп и Фри Стејт, на 24 август известија дека на небото виделе сино-бело светло и портокалова опашка, која била пропратена со звук на експлозија и вибрации.

Реткото парче од метеорит кое било пронајдено е црно и со сјајна надворешност, а неговто јадро е сиво, слично на бетон. Тежи помалку од 90 грама и има дијаметар од нешто помалку од пет сантиметри. Наречен е метеорит Nqweba по најблискиот град каде што е најден.

„Триењето со атмосферата создала спектакуларна огнена топка што го предизвикал распадот на метеорот“ вели Роџер Гибсон, професор по геологија.

Седејќи во дворот во куќата на своите баба и дедо, Нквеба Ели-зе ду Тот видела како од небото паѓа темен камен. Го зела и ѝ го дала на својата мајка, која го предала на научниците.

„Слушнав звук и видов како од небото паѓа камен. Отидов по него и се уште беше топол“ вели девојчето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни