„Кога ги следевме сенките”видео-перформанс и изложба во Францускиот институт во Скопје

Оваа изложба претставува уникатна можност да се запознаете со делата на уметницата Неделкова, докторантка во Париз, која преку мултимедијална инсталација, нуди критичка перспектива на односот помеѓу еколошкото загадување и медиумската заситеност

Францускиот институт во Скопје организира видео-перформанс и изложба насловена „Кога ги следевме сенките”, која ќе се одржи во четврток, 13 март 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во Францускиот институт во Скопје. Авторка на изложбата е Наташа Неделкова, а куратор на истата е Мелоди Робин.

Настанот ќе биде проследен со перформанс и разговор за креативниот процес.


Оваа изложба претставува уникатна можност да се запознаете со делата на уметницата Неделкова, докторантка во Париз, која преку мултимедијална инсталација, нуди критичка перспектива на односот помеѓу еколошкото загадување и медиумската заситеност. На изложбата ќе биде претставена мултимедијална инсталација која комбинира скулптура и уметнички филм, откривајќи како овие динамики ги обликуваат современите политички наративи.

Низ фрагменти од текстови и слики, Неделкова создава критичка мисла за интеракцијата помеѓу физичкиот и медиумскиот простор. Инспирација за делото се црните планини на Велес, извајани од олово и цинк – опипливи сенки на индустријата кои се мешаат со понеопипливите сенки на медиумската илузија. Мултимедијалната инсталација ќе биде изложена еден месец во излогот на Францускиот институт.

Во рамките на својата посветеност кон локалната уметничка сцена, Францускиот институт во Скопје ќе продолжи да организира изложби и уметнички средби низ целата 2025 година. Ги покануваме сите љубители на уметноста да ни се придружат и да бидат дел од овие инспиративни настани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни