Кога е вистинското време да се внесат растенијата од терасата во затворен простор?

Со првите есенски ноќи и чувството дека воздухот станува сè постуден, доаѓа моментот кога многумина се прашуваат: дали е време да ги внесам растенијата од терасата внатре?
Free minimal living room with plants public domain CC0 photo. More: View public domain image source here

Експертите велат – не е доволно да се гледа во календарот. Многу поважно е да се следат ноќните температури. Кога тие ќе почнат да паѓаат под 12 степени, најчувствителните растенија веќе треба да бидат на сигурно во затворен простор. Тука спаѓаат тропските и собните видови – фикусите, орхидеите, бегониите – како и цитрусите, кои никако не поднесуваат студ.

Некои растенија, пак, можат да останат малку подолго надвор. Лавандата, на пример, е поотпорна и ќе издржи и на 8–10 степени, се додека не ја фати мраз. Зимзелените во саксии, како шипшира или рузмарин, можат дури и да презимат на отворено, но секогаш на заштитено место и покриени од студениот ветер.

Внесувањето на растенијата во домот не е само преместување на саксијата од едно место на друго. Тоа е ритуал: внимателно се чистат од суво лисје, се проверуваат за штетници, понекогаш се пресадуваат во поголема саксија со свежа почва. Полевањето треба да се намали, бидејќи зимата е време на мирување, а не на буен раст.

И, конечно, растението треба да добие свое ново светло катче – најдобро покрај прозорец каде сонцето ќе му овозможи да ја задржи својата сила додека трае зимата.

Непишаното правило гласи: околу 50 дена пред првиот мраз или кога ноќните температури ќе паднат под 10 степени – тогаш е вистинското време. Така растенијата не само што ќе преживеат, туку ќе бидат подготвени повторно да го разубават балконот или терасата кога ќе пристигне пролетта.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни