Без разлика дали за Нова година внимателно ставате кекси и чаша топло млеко за Дедо Мраз на масата пред децата или не одите толку далеку, психологот советува дека не треба премногу рано да им го одземате на децата верувањето во Дедо Мраз.
Според детскиот психолог д-р Џастин Колсон, за децата верувањето во Дедо Мраз е илузија и подобро е да ја дознаат што подоцна.
„Како и сите други мистериозни работи, Дедо Мраз често се споменува и меѓу возрасните“, вели д-р Колсон и додава: „Ако ние го ставаме под сомнеж неговото постоење, зошто тоа да не го направат и децата? Нека веруваат додека не пораснат доволно и не станат доволно љубопитни да сомневаат. Тогаш ќе бидат доволно големи за вистината.“
Понекогаш, вели психологот, добро е да се потсетат децата да размислуваат критички за тоа во што сомневаат. Прашајте ги, на пример: „Дали мислат дека е можно некој да го премине целиот свет за една ноќ, со санки полни со подароци што ги влечат ирваси?“
Порано или подоцна, детето ќе каже дека не верува дека Дедо Мраз постои.