Александар Жандан е 23-годишен ИТ експерт од Русија, кој немал среќа во љубовта, па решил да и препушти на вештачката интелигенција да ја најде вистинската девојка за него.
Имено, Александар открил дека со помош на ChatGPT филтрирал и анализирал дури 5.239 профили на девојки на различни сајтови за запознавање, а вештачката интелигенција потоа ги анализирала податоците и ја избрала најдобрата партнерка за него.
Во виралната приказна што ја објави на X, тој објасни како е разочаран од неговото искуство на различни платформи како Tinder. Имено, откако започнал разговор со една интересна девојка, таа набрзо би ја прекинала комуникацијата.
Тој заклучил дека таквиот пристап е само „губење време“…
Извор: index.hr