Кога ќе започне следната ледена ера на Земјата?

На Земјата долго време се менувале глацијалните периоди и потоплите меѓуглацијални периоди. Последната ледена ера завршила пред околу 11.700 години

Се очекува дека следната ледена ера на Земјата ќе започне за околу 11.000 години, освен ако глобалното затоплување предизвикано од човечката активност не ги наруши природните циклуси.

Ова го покажала новата студија објавена во четврток во списанието Science, која анализирала како суптилни промени во орбитата на Земјата околу Сонцето историски предизвикале огромни климатски промени. Тим на меѓународни истражувачи ги споредил промените забележани во климата на Земјата во последниот милион години со ротирањето на Земјата околу Сонцето. Проучувајќи три параметри на ова ротирање – наклонот на Земјината оска, нејзиното колебање и самата патека на орбитата, која е малку елиптична – успеале да дојдат до заклучоци.

“Успеавме да ја предвидиме секоја деглација во последните 900.000 години”, рекол за AФП главниот автор Стивен Баркер, професор на Универзитетот во Кардиф.

На Земјата долго време се менувале глацијалните периоди и потоплите меѓуглацијални периоди. Последната ледена ера завршила пред околу 11.700 години. Идејата за врската помеѓу температурите и орбитата на Земјата не е нова. Научниците веќе сметале дека климата на Земјата се менува врз основа на нејзината орбита, која циклично ја менува количината на сончева светлина.

Но, ова е “првпат што успеавме да ги споиме овие три параметри и да предвидиме кога ќе дојде до деглација”, рекол Баркер.

Коавторката Лорен Лисиеки, професорка на Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара, ја нагласила важноста на студијата, наведувајќи дека таа “потврдува дека природните циклуси на климатските промени што ги опсервираме на Земјата во текот на десетици илјади години се во голема мера предвидливи и не се случајни или хаотични”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни