Кое е видеото со најмногу дислајкови на Јутјуб?

Youtube е платформа позната по својата неверојатна количина на содржини – од интервјуа, филмови, критики, шеги, до анимации и документарни филмови и видеа кои собираат милиони лајкови и дислајкови.

Иако Google во 2021 година го сокри бројот на дислајкови на видеата, познато е дека со години најомразено видео беше спотот на Џастин Бибер и Лудакрис за песната Baby, објавено во 2010 година.

Со 12 милиони дислајкови, видеото речиси седум години ја држеше титулата најомразено видео на Јутјуб, а потоа се појави видео кое го зазеде тронот на неславната листа.

Станува збор за видео наречено YouTube Rewind 2018: Everyone Controls Rewind, за кое, иронично, одговорни се вработените во оваа платформа. Видеото е направено со цел да ги сумира најважните моменти од таа година. Претходно беше чест да бидеш вклучен во ваквото видео.

Меѓутоа ова видео доби 10 милиони дислајкови само една недела откако беше објавено, а денес има повеќе од 23 милиони дислајкови.

Голем број Јутјубери и корисници бурно реагираа на видеото, тврдејќи дека YouTube им отстапи место на застарените и непопуларни трендови и не вклучува многу популарни Јутјубери на годината. Покрај тоа, многумина тврдеа дека содржината е премногу фокусирана на тоа да се задоволат огласувачите, а не заедницата.

Инаку, популарниот шведски јутјубер PewDiePie, кој во тој период имаше најмногу преплатници на платформата, објави рецензија на видеото и изјави дека му е мило што не е вклучен

„Се сеќавам, мислам, сите се сеќаваат, Rewind беше нешто што се чинеше како почит на креаторите од таа година. Сега ми е мило што не сум во него бидејќи видеото е морничаво, толку исклучено од заедницата и креаторите “, рече тој.

Бројни корисници го преплавија Јутјуб со негативни коментари под видеото, а некои ја истакнаа иронијата на целата приказна.

„Иронијата е што YouTube го направи видеото со најмногу дислајкови на својата платформа. Не може да биде полудо од тоа“, гласи еден од коментарите.

Според многумина токму бројот на дислајкови на видеата од YouTube Rewind, покрај дислајковите на видеата од големите компании и главни огласувачи на Јутјуб, беа дел од причината зошто платформата одлучи да го сокрие бројот на дислајкови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни