Кое е твоето референдумско прашање за овој 8 Септември?

На 8ми Септември 1991 година, граѓаните на тогашна Социјалистичка република Македонија одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

“96,46% од граѓаните гласаа ЗА и како резултат на тоа денес ја имаме самостојна и суверена Македонија.

„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“ – беше честитката на Претседателот Киро Глигоров кон граѓаните на Македониај

33 години подоцна, кое би требало да биде референдумското прашање за граѓаните на Македонија? Постави го прашањето тука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни