Кое е најдоброто место за чување лимони?

Лимунот е силен антиоксиданс кој ги намалува воспаленијата, а неговиот сок содржи многу корисни состојки како витамин Ц, калиум и железно и го јакне имунитетот. Но за максимално да се искористат благодатите на овој цитрус, важно е и правилно да се чува.
Фото: Chiot's Run/Flickr

Оставањето на лимонот на маса на собна температура е вообичаена пракса која многумина ја користат, особено, ако на пример, планираме да го користиме лимонот во следните неколку денови.

Нема ништо лошо во тоа, а овој метод на чување на лимоните има и неколку предности:

  • Естетската привлечност е помеѓу првите предности на ова овошје. Лимонот дава свежина, а жолтата боја го краси секој простор
  • Лесно може да посегнете за лимонот кој ви е при рака и е многу полесно отколку да го барате во фрижидер. На собна температура, лимонот обично трае околку една недела пред да почне да се суши и да го губи вкусот.

Меѓутоа, постојат и недостатоци на чувањето на лимонот на овој начин:

  • Краткиот рок на траење е еден од нив. Ова овошје има порозна кора низ која влегува влага и поради што може да стане тврдо и суво во рок од неколку денови.
  • Изложеноста на светлост и воздух го забрзува процесот на созревање и доведува до побрзо расипување.

Од друга страна, чувањето на лимонот во фрижидер е ефикасен начин за да се продолжи неговата свежина и рок на траење.

Доколку правилно се чува во фрижидер, лимонот може да остане свеж и до еден месец, задржувајќи ја сочноста и вкусот. Пониските температури во фрижидерот го забавуваат природниот процес на разложување.

Ова е особено корисно ако не користите лимон секојдневно или ако купувате поголеми количини. Освен тоа, за разлика од чувањето на собна температура, ладењето може да помогне и во одржување на влажноста на лимонот, спречувајќи го да се исуши.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни