Пастрмката е најактивна во раните утрински часови, помеѓу 05 и 09 часот, како и во доцните попладневни термини, од 17 до 20 часот. На облачни денови рибата излегува почесто, а лесен дожд создава речиси идеални услови за риболов.
Оптималната температура на водата за активност на пастрмката е од 10 до 16°C. Пролетните и есенските месеци се сметаат за најдобар период за лов, додека во летните месеци рибарите треба да ги бараат постудените, засенчени и побрзи делови од реката.
„Див свет Македонија“ потсетува и на еден интересен факт: охридската пастрмка може да достигне возраст и до 15 години, а при мрестење секогаш се враќа на истите локации.
