Кочани во тишина: Граѓаните масовно оддаваат почит на жртвите

Денес, во Кочани, река луѓе се движи низ градот за да им оддаде почит на жртвите од трагичниот настан што го потресе целиот регион. Граѓаните во тишина носат свеќи и цвеќиња, споделувајќи ја тагата и сочувството со семејствата на загинатите. Атмосферата е исполнета со болка, но и со силна порака на солидарност и заедништво.

Шестмина малолетници има меѓу загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најмладиот е на возраст од 16 години.

Основното јавно обвинителство објави податоци за возраста на 59-те лица кои трагично го загубија животот во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Овие податоци се доставени од Институтот за судска медицина.


Меѓу загинатите, шест лица се малолетни, на возраст од 16 и 17 години. Најмладите жртви имаат само 16 години, а остатокот од трагедијата вклучува лица од различни возрасти, од 16 до 48 години.

Публикувана е следнава распределба на возрасните групи на жртвите:

16 години – 3 загинати
17 години – 3 загинати
18 години – 4 загинати
19 години – 1 загинат
20 години – 2 загинати
21 година – 6 загинати
23 години – 2 загинати
24 години – 7 загинати
25 години – 3 загинати
26 години – 7 загинати
27 години – 2 загинати
29 години – 1 загинат
30 години – 3 загинати
31 година – 2 загинати
32 години – 1 загинат
33 години – 1 загинат
36 години – 4 загинати
38 години – 2 загинати
43 години – 1 загинат
44 години – 2 загинати
47 години – 1 загинат
48 години – 1 загинат
Од Обвинителството информираат дека извештаите од обдукциите се во процес на подготовка и ќе бидат доставени наскоро.

Насловна фотографија: 24инфо.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни