Дали Вучиќ ја ангажираше војската во вчерашните немири?

Кобрите со кои се закануваше Вучиќ, во директен судир со граѓаните

За волја на вистината, Кобрите не само што за пет-шест секунди не ги „расфрлија“ сите, како што најавуваше Вучиќ, туку синоќа го извлекоа и подебелиот крај

Се уште не стивнуваат реакциите по синоќешните инциденти и насилството на улиците на Нови Сад и Белград кога приврзаници и платеници на режимот на СНС и Александар Вучиќ со камења, стапови и притехника ги напаѓаа студентите и граѓаните кои со месеци протестираат.

Неколку десетици повредени и приведени, оштетени објекти и јавна инфраструктура е епилогот од синоќашните пресметки.

Но покрај ладно, вчера се користеше и огнено оружје. Имено, еден припадни на армиската единица „Кобри“ задолжена за обезбедување на видни функционери на државата испука кушрум во воздух пред штабот на СНС.

Најмалку пет припадника на „Кобрите“ се повредени затоа што заедно со маскирани насилници „ги бранеле“ штабот на СНС во Нови Сад.

Од каде „Кобри“ во штабот на СНС, прашува јавноста

Поранешниот директор на Воената разузнавачка агенција (ВБА) Момир Стојановиќ за порталот Н1 изјави дека појавувањето на директорот на Воената разузнавачка агенција (ВБА) Ѓура Јованиќ на прес-конференцијата и неговото обраќање на кое ги коментираше настаните во просториите на СНС во Нови Сад драматично предупредува на можноста за отворена злоупотреба на армијата за дневнополитички цели.

„Кога имате ситуација во која припадници на Армијата, односно припадници на антитерористичката единица Кобра , кои нелегално го обезбедуваат поранешниот премиер, г-дин Вучевиќ, кој е претседател на СНС и советник на претседателот на земјата, се нелегално во тој објект, тогаш се поставува прашањето од каде доаѓаат членовите на Кобра во просториите на СНС, кога според сегашните прописи ниту сегашниот ниту поранешниот премиер не се надгледувани од обезбедувањето на Кобра. Значи, кога имате приватизирани институции и приватизирана армија, тогаш се случуваат вакви сцени“, објаснува тој.

Вучиќ и претходно се закануваше со интервенција на „Кобрите“

Кон крајот на минатата година кога студентските протести се интензивираа по падот на надстрешницата во Нови Сад, Вучиќ на телевизиско гостување се закани дека протестите можел да ги задуши со ангажирање токму на оваа единица.

Зборувајќи за тогашниот студентски протест пред зградата на Претседателството, Александар Вучиќ рече дека не сакал, односно не му паднало на памет да изведе Кобри врз студентите „за да ги растера сите“, за што „не би биле потребни шест или седум секунди“.

„Ако излезам и ги навредам, ако излезам и се борам, ако ги изведам Кобрите за да ги растераме сите, нема да бидат потребни шест или седум секунди, никој не помислил на тоа“, рече Вучиќ.

Неколку месеци подоцна, кога поддршката кон актуелната власт е можеби најниска досега и кога протестите не само што не престануваат туку и се радикализираат, очигледно дека Вучиќ тргнал во реализација на сценариото што го спомена пред неколку месеци, но за волја на вистината, Кобрите не само што за пет-шест секунди не ги „расфрлија“ сите, туку синоќа го извлекоа и подобелиот крај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни