„Коњот“ на иднината: Kawasaki го претстави Corleo – робот со четири нозе и мотор на водород

На светската изложба Osaka Kansai Expo 2025, Kawasaki го претстави своето најново футуристичко достигнување – Corleo, четириножен робот што спојува мотоинженерство, роботика и вештачка интелигенција во уникатен концепт на лична мобилност.

Иако сè уште во концептна фаза, Corleo ветува револуционерна промена во начинот на движење низ тежок терен. Роботот визуелно потсетува на механички коњ, со флексибилна суспензија која му овозможува да се движи по нерамен терен, вклучувајќи планини и снежни предели. Може да скока, се искачува и да поминува преку пречки, а неговите „копита“ се обложени со специјален материјал што апсорбира вибрации и не се лизга.

Corleo работи на еколошки водороден мотор, кој произведува енергија за движење на нозете, додека AI системот ги анализира условите околу роботот, помага при одржување на рамнотежа и реагира на движењата на корисникот во седлото – слично како вистински коњ.

Роботот има и дисплеј кој покажува податоци за нивото на водород, насока на движење, положбата на тежиштето, па дури и проектира светлосни маркери на патот при ноќно возење за подобра ориентација.

Иако продажбата на вакво превозно средство нема да се случи пред 2050 година, Corleo веќе предизвика огромен интерес. Kawasaki со овој концепт го претставува своето визионерско гледање на одржлив транспорт, со нагласок на иновација и авантуризам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни