Која земја води во трката за светски лидер во вештачката интелигенција?

Во извештајот на Универзитетот Стенфорд за 2025 година, податоците покажуваат дека Соединетите Држави сè уште предничат, бидејќи произведоа 40 значајни модели на вештачка интелигенција во 2024 година, додека Кина произведе 15, а Европа три

Трката за глобален лидер во вештачката интелигенција (AI) станува сè поинтензивна, а главни играчи се Соединетите Американски Држави и Кина. Новиот извештај покажува дека, иако Соединетите Држави сè уште водат, Кина го намалува јазот во перформансите, додека и Европа постепено добива на значење.

Во извештајот на Универзитетот Стенфорд за 2025 година, податоците покажуваат дека Соединетите Држави сè уште предничат, бидејќи произведоа 40 значајни модели на вештачка интелигенција во 2024 година, додека Кина произведе 15, а Европа три. Сепак, Кина достигна скоро паритет со САД во два клучни индикатори: Massive Multitask Language Understanding (MMLU) и HumanEval, кои ги тестираат способностите на вештачката интелигенција во решавање проблеми и генерирање код.

Според извештајот, „трката е поинтензивна од кога било” и ниту една земја во моментов нема јасна предност.

Кога ChatGPT стана популарен кон крајот на 2022 година, само OpenAI и Google имаа напредна AI технологија. Но, сега Meta, xAI на Илон Маск и Anthropic полека ги достигнуваат лидерите во оваа област. Исто така, кинескиот модел DeepSeek R1 се изедначува со OpenAI и Google во перформансите, предизвикувајќи големо внимание бидејќи, според тврдењата на компанијата, е поевтин, но и подеднакво ефикасен.

Друг важен индикатор за напредокот во AI технологијата е бројот на патенти и публикации. Кина е значително пред Соединетите Држави во бројот на AI патенти, со скоро 70% од сите доделени патенти до 2023 година. Јужна Кореја и Луксембург го следат овој аспект, при што Луксембург е исклучително успешен во произведувањето AI патенти по глава на жител.

Развојот на AI модели станува се повеќе глобален, а значајни лансирања доаѓаат и од други региони како што се Блискиот Исток, Латинска Америка и Југоисточна Азија.

Извештајот јасно покажува дека трката за лидерство во вештачката интелигенција повеќе не е само помеѓу два играчи, туку станува сè по-глобална и динамична, со нови предизвици и конкуренција на хоризонтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни