Која земја е прва во Европа по раст на цените на виното?

Посебно, се додава, загрижува тоа што во Хрватска виното поскапело дури седум и пол пати повеќе во однос на просекот на Европската Унија каде што во периодот помеѓу 2020 и 2024 година поскапело за 7 отсто.

Хрватска е прва во Европа по раст на цените на виното, кое во последните четири години поскапело за дури 52 отсто, покажуваат податоците на Евростат. На Кипар виното поскапело за 48 отсто, а во Унгарија за 45 отсто, пишува хрватскиот Пословни дневник.

Широката хрватска регија е, се наведува, простор во кој виното поскапело најмногу, па така на листата се најдоа и Словенија и Романија во кои виното поскапело за 32 отсто во последните четири години.

Посебно, се додава, загрижува тоа што во Хрватска виното поскапело дури седум и пол пати повеќе во однос на просекот на Европската Унија каде што во периодот помеѓу 2020 и 2024 година поскапело за 7 отсто.

Сѐ уште нема податоци за минатата година, но податоците од Финансиската агенција покажуваат дека во 2023 година хрватските винари имале многу добра година. Претприемачите во дејноста на производство на вино минатата година оствариле нето добивка од 5,7 милиони евра, што е годишен пораст од 141,6 отсто, покажува анализа објавена од Агенцијата Фина.

Според податоците од обработените годишни финансиски извештаи, во дејноста на производство на вино од грозје во 2023 година работеле 275 претприемачи кои имале 1.542 вработени, што претставува зголемување на бројот на вработени за 1,9 отсто во однос на претходната година.

Тие претприемачи минатата година оствариле 141,9 милиони евра вкупни приходи, што е раст од 12,9 отсто во однос на претходната година, а пораснале и нивните вкупни расходи, за 9,9 отсто, на 134,4 милиони евра.

Од друга страна, Меѓународната организација за лоза и вино (ОИВ) проценува дека оваа година глобалното производство на вино ќе падне на најниско ниво од 1961 година. Кај 29-те најголеми производители на вино, кои заедно сочинуваат 85 отсто од светското производство, се очекува пад од 227 до 235 милиони хектолитри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни