Која е рибата која нутриционистите ја препорачуваат?

Скушата е сина риба која се одликува со висок удел на омега-3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на срцето

Орадите и бранците обично привлекуваат најголемо внимание од купувачите, но нутриционистите почнаа да ја истакнуваат помалку позната, но еднакво хранлива риба а тоа е скушата. Оваа риба, која често се занемарува на нашите трпези, нуди низа здравствени предности кои ја прават одлична алтернатива на поскапите видови риби.

Скушата е сина риба која се одликува со висок удел на омега-3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на срцето. Омега-3 масните киселини помагаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања, ја подобруваат циркулацијата на крвта и можат да имаат противвоспалителни ефекти. Покрај тоа, скушата е богата со висококвалитетни протеини, што ја прави идеална опција за оние кои сакаат да го одржат или зголемат мускулниот мач.

Нутриционистите исто така истакнуваат содржината на витамини и минерали во скушата. Оваа риба е добар извор на витамин Д, кој е клучен за здравјето на коските и имуниот систем, како и на витамин Б12, кој е потребен за правилно функционирање на нервниот систем. Исто така, содржи минерали како што се селен и фосфор.

Освен нутриционистичките предности, скушата се смета за поприфатлива опција во споредба со други, популарни риби како што се лососот или бранцините. Нејзината популација останува стабилна, а нејзиниот улов обично не е поврзан со практики кои и штетат на животната средина. Ова го прави изборот на скуша не само добар за нашето здравје, туку и за планетата.

Со оглед на цената, скушата обично е поевтина од другите видови риби, што овозможува уживање во нејзините предности без преголемо оптоварување на домашниот буџет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни