Холандската инвестициона фирма Prosus постигнала договор за превземање на домашната компанија за достава храна Just Eat Takeaway.com за околу 4,1 милијарди евра. Just Eat Takeaway.com дејствува на 17 пазари и на повеќето од нив има водечка позиција. Поврзува 61 милион корисници со повеќе од 356.000 локални партнери. Акциите на Just Eat денес пораснаа за повеќе од половина.
Фирмите за достава храна на Prosus дејствуваат во повеќе од 70 земји и снабдуваат повеќе од милион ресторани ширум светот.
Тие имаат целосно сопствеништво над iFood, водечката платформа за достава храна во Латинска Америка, 28% удел во германскиот Delivery Hero и околу 4% удел во Meituan, кои се меѓу најголемите компании за достава храна на светот. Тие исто така имаат 25% удел во Swiggy, водечката платформа за достава храна и намирници во Индија, стои во соопштението за јавност.
Со стекнувањето на Just Eat Takeaway, заедно со компаниите за достава храна кои Prosus веќе ги има во својот портфолио, ќе се создаде четвртата најголема таква групација во светот, додаваат.