Која e најстарата шума на планетата со дрвја стари дури 386 милиони години?

Планините Кетскил, лоцирани на југоисток од американската држава Њујорк, на околу шеесет километри од главниот град Албани, се неисцрпен извор на информации за античкото минато на планета Земја. Тоа го покажало едно од поновите откритија направени во тој регион.

Геологот вработен во Државниот музеј на Њујорк, Чарлс Вер Страетен, открил необични разгранети структури во каменолом кој се наоѓал во тој крај, корени од дрва. По интензивни испитувања се покажало дека ги проншол фосилните остатоци од најстарата позната шума на нашата планета.

Анализите покажале дека дрвјата се стари неверојатни 386 милиони години, со што научниците ќе имаат можност подетално да проучуваат како се менувала климата на Земјата во тој долг период.

На локалитетот се пронајдени три вида на дрва, а најинтересно е дрвото од родот Archaeopteris, со корени долги повеќе од дванаесет метри. Слично е на модерниот четинар, и научниците веруваат дека тоа се првите дрвја кои развиле рамни зелени листови. 

„Овие дрвја ефикасно го отстрануваа јаглеродниот диоксид од атмосферата. До крајот на девонскиот период, односно пред 360 милиони години, нивото на овој гас паднал на денешното ниво“, објаснува палеонтологот Кристофер Бери. 

Државата Њујорк е богата со фосили од древни дрвја, бидејќи лежи на стар планински венец. Најновиот фосилен наод е оддалечен помалку од четириесет километри од шумата, која досега се сметаше за најстара во светот. 

„Проучувањето на овие древни шуми би можело да ни помогне во борбата против климатските промени. Да се ​​разбере како климата се променила во минатото е клучно за да се предвиди што ќе се случи во иднината.“, смета еволуцискиот биолог Сенди Хетерингтон. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни