Која е Мики Медисон, глумицата која освои Оскарот за улогата во филмот „Анора“?

Нејзиниот талент го привлече вниманието на режисерот Шон Бејкер, кој специјално за неа ја напиша главната улога во филмот Анора. Овој филм ја освои главната награда на Филмскиот фестивал во Кан, а нејзиниот настап како живописна сексуална работничка многумина го сметаат за клуч за успехот на филмот

Мики Медисон (25) освои Оскарот за најдобра глумица во филмот Анора. Филмот ја освои и наградата за најдобар филм и за најдобар оригинален сценарио. Анора ја следи сексуалната работничка која започнува луда авантура со син на руски олигарх.

Во својот говор, Медисон истакна: „Жените од таа заедница кои се сексуални работнички, кои имав привилегија да ги запознаам беше една од најдобрите работи од ова неверојатно искуство“, пренесува Index.hr.

Кој е Мики Медисон?
Мики Медисон има 25 години и е родена и израсната во Лос Анџелес. Нејзиниот првичен сон бил да се занимава професионално со коњички спортови, но Мики се заљубила во светот на филмот и телевизијата. Од 2013 година активно се занимава со глума, а во слободно време сака да прави торти и да се грижи за нејзиното повоено куче Џем и мачката Бисквит, пишува Hello Magazin.

Кои улоги ги играла?
Првата голема улога на Мики Медисон беше во култната хумористична серија Better Things, каде што ја играше мрзоволната тинејџерка и најстарата сестра во семејството. Потоа се појави во петтиот дел од хорор франшизата Scream и во филмот на Квентин Тарантино Било еднаш во… Холивуд. Таму ја играше припадничката на злогласниот култ на семејството Менсон, одговорна за злогласните убиства на Тејт-Лабијанката 1969 година.

Нејзиниот талент го привлече вниманието на режисерот Шон Бејкер, кој специјално за неа ја напиша главната улога во филмот Анора. Овој филм ја освои главната награда на Филмскиот фестивал во Кан, а нејзиниот настап како живописна сексуална работничка многумина го сметаат за клуч за успехот на филмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни