Која е идеалната температура на која треба да греете за да имате помали сметки?

Со внимателно управување со греењето, вашиот дом ќе биде топол, а сметките под контрола.

Зимата пристигна, а со неа и неизбежната дилема: како да го загреете домот за да биде пријатно топол, а да не трошите премногу тоа?

Клучот е правилно да го поставите термостатот, што може да обезбеди топлина, заштеда и помала потрошувачка на енергија. Но, која температура е идеална за различни делови од денот?

Без разлика дали сте дома, надвор или спиете, неколку едноставни прилагодувања можат значително да ги намалат трошоците за греење, а сепак да го направат вашиот дом пријатно место за престој.

Греењето е неопходно во студените денови, но правилното поставување на термостатот има повеќекратни придобивки: обезбедува удобност, ги намалува сметките и придонесува за зачувување на животната средина. Имено, секој степен пониско на термостатот може да ги намали трошоците за греење и до пет проценти. Покрај тоа, помалата потрошувачка на енергија значи помала емисија на јаглерод диоксид.

Експертите препорачуваат да го поставите термостатот на 20 степени Целзиусови кога сте дома. Доволно е топло за удобен престој, и не го оптоварува системот за греење. Ако сè уште ви е ладно, размислете за дополнителен слој облека, топли ќебиња или чаша од вашиот омилен топол пијалок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни